Тинекс Пролет ги чува своите „деца“: Нови договори за Џонов и за Аларов

Тинекс Пролет ги продолжи договорите со Иван Џонов и со Михаил Аларов, уште една потврда за заложбите на нашиот клуб за грижа за ракометарите кои потекнуваат од школата на Тинекс Пролет. И Џонов и Аларов минаа низ младинските категории на клубот, потоа добија и шанса во првиот тим што максимално ја искористија, промовирајќи се во стандардни првотимци во Тинекс Пролет.

Иван Џонов се наметна како еден од најдобрите поливалетнтни ракометари на домашната ракометна сцена. Тој беше дел од генерацијата на младинската репрезентација што стигна до шестото место на СП во Алжир, најдобар пласман на една млада селекција на „црвено-жолтите“ на младинските мундијали. До ланската сезона Џонов настапуваше како лево крило, но од сезонава покажа дека одлично се снаоѓа и на бековската позиција, постигнувајќи двоцифрен број на погодоци на неколку натпревари.


Одличните игри на Аларов на пивотменската позиција беа доволна препорака за нашиот пивот да се појави на подготовките на сениорската репрезентација за ЕП 2020. Со квалитетот во играта, но и со борбеноста во одбраната, Аларов се наметнува како еден од најдобрите македоснки играчи на својата позиција во Супер-лигата, што беше доволна причина да се договори продолжување на соработката.


Со новиот договор, Џонов и Аларов ќе останат дел од Тинекс Пролет најмалку до јуни 2022 година.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести