Матлиески прозиваше - Тинекс Пролет тргна со тренинзи во 2020 година

Со денешниот тренинг и официјално беше означен стартот на подготовките за вториот дел од сезонава, во која Тинекс Пролет повторно ќе атакува на висок пласман и излез во ракометна Европа. Тренерот Матлиески ја одржа првата прозивка во 2020 година, на кој присуствуваше и нашето најголемо засилување во преодниот рок, голманот Петар Ангелов. Голем „плус“ за тимот ќе биде и враќањето на бекот Александар Василевски, кој се рехабилитираше од тешката повреда на коленото заработена во текот на минатата сезона. 

Матлиески и челниците на клубот изразија оптимизам дека ќе се продолжи со добрите игри и во преостанатите натпревари од Супер-лигата, а потоа дополнително ќе се крене формата за дуелите од плејофот, во кој Тинекс Пролет повторно ќе има можност да ги одмери силите со најдобрите екипи од македонската ракометна сцена. 


Според планот на стручниот штаб, во првата фаза од подготовките ќе се тренира двапати дневно до крајот на јануари. Потоа ќе следат и низа на пријателски натпревари на кои ќе се темпира формата за стартот од вториот дел од сезоната, закажан за крајот на месец февруари. 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести