Петар Ангелов потпиша за Тинекс Пролет

Тинекс Пролет со задоволство може да потврди дека го комплетираше трансферот на долгогодишниот македонски репрезентативец, Петар Ангелов.

Искусниот чувар на мрежата се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот Ратинген. Oд неколкуте понуди на негова адреса ја избра токму онаа на нашиот клуб. Ангелов потпиша договор со Тинекс Пролет на една и пол сезона.

Ангажманот на овој ракометар на најдобар можен начин ги отсликува амбициите со кои тимот ќе влезе во вториот дел од сезоната. Тинекс Пролет е отворен за ангажман на допополнителни засилувања во наредниот период. Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Петар Ангелов ја почна професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Потоа тој настапуваше и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и неколку земји ширум Европа, за Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести