Матлиески: Оваа година ја завршуваме успешно, да продолжиме во ист стил и во 2020

Оваа 2019 година завршува успешно за Тинекс Пролет, нашиот тим е речиси сигурен учесник во плејофот, прикажувајќи одлични игри во голем дел од досегашниот дел од сезоната. Во текот на летото од тимот си заминаа неколку ракометари, клупска стратегија беше да се даде шанса на дел од помладите ракометари да се покажат на суперлигашката сцена, што се покажа како полн погодок. Меѓу најзаслужните за одличниот тек на досегашниот дел од сезоната секако е тренерот Никола Матлиески, кој успеа да склопи силен колектив, кој благодарение на одличната тимска игра му го нанесе единствениот пораз досега на Охрид, воедно и ремизираше против силниот Металург.

Секако дека генерално гледано морам да бидам задоволен од она што го одигравме и од резултатите што ги остваривме. Тинекс Пролет речиси сигурно е во плејофот, што беше наша примарна цел и ја осигуравме на неколку кола пред крајот. Од моето доаѓање на чело на клубот редовно завршуваме меѓу најдобрите четири тима во Супер-лигата, пред две години обезбедивме и пласман во европските купови, така што клубот дефинитивно се движи во вистински правец“ – вели Матлиески.

За добри резултати неопходни се квалитетни услови за работа, нешто што Тинекс Пролет го има со години наназад.

„Тинекс Пролет е клуб што е препознатлив по своето беспрекорно функционирање, што придонесе иво една ваква ситуација на подмладување на екипата да се продолжи со добри резултати. Односот меѓу стручниот штаб, екипата и раководството е беспрекорен, функционираме како семејство и тоа придонесува и резултатите да бидат онакви какви што сите посакуваме. Секако, тоа не би било возможно без стабилен спонзорски тим на чело со компанијата Тинекс“ – истакнува тренерот Матлиески.

Младиот стручњак во текот на зимава ќе биде дел од стручниот штаб на македонската репрезентација на ЕП 2020 , по што целосно ќе се фокусира на вториот дел од клупската сезона.

„Се додека математички не го обезбедиме тоа четврто место не сакам да давам детални коментари и анализи. Знам дека можеме да продолжиме во ист стил, па дури и да напредуваме во одредени аспекти, но ќе одиме чекор по чекор. Се надевам на позитивен исход и на дел од натпреварите во плејофот, но да се биде реален, за тоа ниво на натпреварување ќе треба и ние формата да ја кренеме за најмалку едно ниво. Можеби тоа ќе го сториме и со ангажман на нови ракометари, за тоа ќе решивме заеднички со управата. Едно е сигурно, оваа 2019 година ја завршуваме успешно, се надевам дека во ист стил ќе продолжиме и во 2020“ – порачува за крај нашиот шеф на стручниот штаб.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести