„Десетка“ за Пелистер за победнички печат на 2019 година

Тинекс Пролет успешно ја финишираше оваа 2019 година откако во последниот натпревар од Супер-лигата лесно и убедливо славеше над Пелистер со резултат 36-26. Мечот поради ситна повреда го пропушти репрезентативецот Мартин Поповски, но и во отсуство на стандардното десно крило нашиот тим одигра беспрекорен меч и заслужено стигна до убедлива победа. 

Првиот меч и ремито во Битола беше добра лекција, овојпат избраниците на Матлиески во ист ритам ги одиграа сите 60 минути, не дозволувајќи гостинот ниту за момент да се понадева на изненадување во салата „Македонско Сонце“. Пелистер водеше само со 0-2, а по водството на Тинекс Пролет од 3-2 избраниците на Матлиески константно беа во водство. Ласко Андоновски одигра извонредно во првото полувреме и го предводеше својот тим до убедлива предност од 17-11 по 30 минути игра.

Свесни дека победникот е веќе решен, нашите ракометари петнаесетина минути умешно ја контролираа предноста, за потоа повторно да притиснат и да ја зголемат позитивата. Во 54. минута Тинекс Пролет го имаше првото двоцифрено водство на натпреварот (33-23), позитива што беше задржана до самиот крај и конечните 36-26.

Ласко Андоновски одигра одличен натпревар постигнувајќи осум гола, шест погодоци постигна Џонов, а по пет пати прецизни беа Аларов, Мајнов и Игнов.

Со овој триумф, Тинекс Пролет се зацементира на четвртото место на табелата (кое води во плејофот) во пресрет на зимската пауза. Во првото пролетно коло нашиот тим му гостува на Радовиш.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Металург38
2Охрид 201337
3Бутел Скопје31
4Тинекс Пролет29
5Радовиш22
6Вардар Јуниор18
7Пелистер14
8Металург 27
9Работнички4
10Струга4

Најнови вести

Архива на вести