Матлиевски: Нема да се залажеме со поразот на Пелистер во Швајцарија

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со предизвиците во Супер-лигата, а денеска нашиот тим го очекува незгодно гостување во Битола против екипата на Пелистер. Домаќините влегуваат во мечот по убедливиот пораз во ЕХФ-купот од Винтертур, што сигурно ќе биде мотив повеќе за нив да се рехабилитираат токму на денешниот меч. Токму затоа, тренерот Никола Матлиевски предупредува дека дуелот со „пелистерци“ во ниту еден случај нема да биде лесна задача.

„Никој не е фаворит во Битола кога игра против Пелистер. Против себе ќе имаме незгоден ривал кој игра квалитетен ракомет и мораме да бидеме на висина на задачата доколку сакаме да славиме. Наша желба секако е продолжуваме на одличните резултати од стартот на сезоната, но нема да ни биде нималку лесно. Нема да се залажеме со нивниот убедлив пораз во Швајцарија бидејќи ова ќе биде сосема поинаков натпревар“ - истакнува Матлиевски.

Натпреварот меѓу Пелистер и Тинекс Пролет се игра вечерва со почеток во 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести