Незапирливиот Џонов донесе триумф над Работнички (38-36)

Тинекс Пролет останува рамо до рамо со Металург на делба на првото место на табелата откако вечерва славеше над Работнички со резултат 38-36. До победата избраниците на Матлиески стигнаа многу потешко од очекувањата, гостинот се покажа како незгоден ривал, но за среќа во своите редови го имавме одличниот Иван Џонов, кој со 15 погодоци е најзаслужен за третата овосезонска победа.

Со два брзи гола на самиот почеток Тинекс Пролет поведе со 2-0, но гостинскиот тим набрзо востпостави контрола на теренот. Домашниот состав водеше во поголемиот дел од мечот, додека гостите максимално ги користеа исклучувањата на нашите ракометари (Дамчевски во седмата и Стојановски во 13. минута). Работнички постигна неколку погодоци во празна мрежа, па на половина од полувремето поведе со 8-9.

Набрзина следеше мини-серија на Тинекс Пролет и ново водство на избраниците на Матлиески. Голема шанса беше пропуштена при 15-13, кога гостинскиот голман со одлични интервенции спречи нашата екипа резултатски посериозно да се одлепи. „Црвените“ беа нешто подобри во завршницата на полувремето, па со голот на Борис Илиевски на одмор се замина со резултат 18-18. 

Во сличен стил се продолжи и во второто полувреме, Работнички последен пат водеше со 23-24, Тинекс Пролет потоа ја презеде контролата над резултатот, но во ниту еден момент не успеа посериозно да се одлепи и да ја осигура победата. Работнички на една минута до крајот имаше само „минус еден“ (37-36), но Џонов со својот 15. погодок стави крај на дилемите околу победникот.

Покрај Џонов и неговите рекордни 15 голови, најефикасни во таборот на Тинекс Пролет беа Аларов и Поповски со по шест, Ласко Андоновски со пет и Доне Мајнов со четири постигнати гола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести