Тинекс Пролет е фаворит, но не го потценува Металург2

Охрабрени по големиот триумф над Охрид на отворањето од сезоната, ракометарите на Тинекс Пролет вечерва (19.45 часот) на гостински терен против Металург2 ќе атакуваат на нова победа на отворањето на второто коло во домашниот шампионат. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, а поголемиот квалитет во однос на ривалот ни ја препушта фаворитската улога. 

„Против себе ќе имаме екипа што летово влезе во елитното друштво. Сигурно нема да го потцениме ривалот, кого го почитуваме и свесни сме дека до цел плен можеме да дојдеме само со максимално залагање“ - порачуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на вечерашниот дуел во Автокоманда.

Екипата на Металург2 во првото коло беше поразена од Металург со резултат 37-30, а нашиот денешен ривал ќе биде ослабен поради неиграњето на Бојан Николовски, суспендиран на два натпревари поради синиот картон добиен на „братското дерби“ во Автокоманда.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести