Цврстата одбрана ни донесе голема победа над Охрид (21-19)

Ракометарите на Тинекс Пролет со победа ја стартуваа новата сезона откако триумфираа во пресметката со Охрид со резултат 21-19. Охриѓани можеби во текот на летово се засилија со квалитетни ракометари на сите позиции, но тимскиот дух и извонредниот колектив беше она што пресуди на денешниот меч. На охриѓани не им помогна ниту присуството на Градоначалникот на нивниот град на трибините на салата „Македонско Сонце“, македонските играчи на Пролет го покажаа квалитетот во однос на странските ракометари на гостинскиот тим и на крајот успехот беше апсолуно заслужен.

Од самиот почеток стана јасно дека на мечот нема да има преголем број на постигнати голови, нападите течеа бавно и тешко се наоѓаше патот до мрежата. Голманот Коруновски во раната фаза на мечот одбрани седмерец и го најави одличниот натпревар на голот на Тинекс Пролет. Мечот го почнавме со водство од 2-0, по што ракометарите на Матлиески имаа целосна контрола над резултатот, не дозволувајќи им на охриѓани во ниту еден момент да дојдат во водство.

На одмор се замина со минимална предност на Тинекс Пролет од 8-7, а мечот беше израмнет до 9-9. Потоа нашите ракометари заиграа во пеколен ритам, поведувајќи со преубедливи 17-11. Гостите покажаа карактер и се приближија на 17-16, но во вистински момент блесна нашето најново засилување Мартин Поповски, прекинувајќи ја серијата на Охрид со гол од „брз центар“. Со израмнета битка се продолжи до самиот крај, Поповски имаше и украдена топка на спротивната страна при „плус еден“, по што екс-ракометарот на Вардар го постигна и голот за печат на победата, за конечни 21-19. Гостинскиот тим се обиде да се врати, но Коруновски излезе од сопствениот шестерец и реагираше во вистински момент, ставајќи крај на сите надежи на охриѓани за камбек и позитивен резултат на овој натпревар.

Доне Мајнов беше најефикасен со седум погодоци, еден помалку постигна Поповски, додека капитенот Ласко Андоновски го заврши мечот со три постигнати гола.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести