Тинекс Пролет потпиша со двократен европски првак

Мартин Поповски е најнов ракометар во таборот на Тинекс Пролет, откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша договор со нашиот клуб. Поповски, кој е двократен европски првак со Вардар, во изминатиот период тренираше со Тинекс Пролет и остави одличен впечаток и кај стручниот штаб и кај соиграчите, по што експресно беше постигнат договор за соработка во наредната сезона.

Поповски беше трета опција во тимот на Вардар во последните години, зад Чупиќ и Шишкарев, но често шанса во СЕХА-лигата и се покажуваше во добро светло во црвено-црниот дрес. Нема сомнеж дека одличното десно крило, кое добро се снаоѓа и на бековската позиција, ќе му биде од огромна помош на Тинекс Пролет во битката за висок пласман во новата сезона. Поповски ќе биде во комбинација за настап веќе на премиерниот натпревар од новата сезона, што ќе ја стартуваме утре на домашен терен против тимот на Охрид (19 часот).

„Мартин тренираше со тимот, му излеговме во пресрет по заминувањето од Вардар, а потоа и лесно се договоривме за соработка. Договорот е тој да остане во Тинекс Пролет до крајот на сезонава, освен доколку во меѓувреме не добие примамлива понуда од странство“ - изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.