Две победи на Тинекс Пролет на стартот од подготовките

Ракометарите на Тинекс Пролет успешно ги стартуваа контролните натпревари во пресрет на новата сезона, откако во изминатите 24 часа беа забележани две победи.

Наш ривал синоќе беше тимот на Металург 2, кого во интересен и ефикасен натпревар успеавме да го совладаме со 38-33 (17-15). Денеска Тинекс Пролет беше домаќин на Радовиш, меч на кој за 60 минути беа постигнати вкупно 73 погодоци (39-34). Радовишани одиграа добро во првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 16-19, но Тинекс Пролет целосно ја презеде контролата во вторите 30 минути и со голем пресврт стигна до нов триумф.

Тренерот Матлиески на двете средби им даде шанса на сите ракометари да ги покажат квалитетите и начелно може да биде задоволен од прикажаното. Тинекс Пролет во текот на следната седмица ќе одигра контролен натпревар во Лесковац, Србија, против екипата на Дубочица.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар16
2Алкалоид16
3Е. Пелистер15
4Охрид13
5Бутел11
6Тинекс Пролет9
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш6
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести