ИН МЕМОРИАМ: Ѓорѓи Огњеновски (1951-2019)

Со длабоко жалење соопштуваме дека по кратко боледување, на 67-годишна возраст, почина долгогодишниот ракометен спортски работник Ѓорѓи Огњеновски.

Огњеновски беше и ќе остане легенда на РК Пролет за генерации ракометари во изминатите 35 години, колку што несебично се вложуваше за развојот на клубот и ракометната игра воопшто во Македонија. 

Ќе остане запаметен и како долгогодишен активен функционер во Ракометната федерација на Македонија, постојан поддржувач и на сите национални ракометни селекции. Голем пријател и помагател и на голем број други ракометни колективи, но останува фактот дека РК Пролет од детството па до последниот свој ден не го менуваше за ништо.

Последна почит за Ѓорѓи Огњеновски ќе биде одадена утре од 11 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот е од 12 часот.

Почивај во мир!
РК ПРОЛЕТ

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар36
2Е. Пелистер32
3Охрид31
4Алкалоид31
5Тиквеш20
6Бутел20
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести