Ако се укаже шанса, по изненадување во „Автокоманда“

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска точно на пладне во салата „Автокоманда“ ќе излезат на мегдан со екипата на Металург. Ривалот минатиот викенд се закити со трофејот во Купот на Македонија, што ќе биде само мотив повеќе за нашите ракометаи да се надигруваат со оваа екипа. Последниот дуел со Металург избраниците на Матлиески го одиграа токму во „Автокоманда“, во четвртфиналето од Купот на Македонија целосно парирајќи им на фаворитите, на крајот несреќно губејќи со 31-29.

„Тој дуел од Купот беше јасен доказ дека ако одиграме најдобро што знаеме, можеме да се носиме и со најдобрите. Јасно е кој е фаворит, но спортот е убав токму поради фактот дека во него се можни изненадувања. Наше е да одиграме најдобро што знаеме и доколку ни се укаже можност, истата да ја искористиме за да стигнеме до значајни бодови во трката за четвртото место на табелата“ - порачуваат од таборoт на Тинекс Пролет во пресрет на денешната пресметка со „металурзите“.

Натпреварот меѓу Металург и Тинекс Пролет Пролет почнува во 12 часот, а за арбитражата се задолжени најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести