Едно „егал“ полувреме, па потоа пораз од шампионот (33-26)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа очекуван пораз во рамките од плеј-офот, губејќи на гостувањето против Вардар со резултат 33-26. Матлиески и неговите избраници мора да бидат горди на одличното прво полувреме во кое целосно му парираа на поранешниот европски првак. За жал, темпото не можеше да се издржи и во вторите 30 минути, па на крајот беше претрпен убедлив пораз кој сепак не треба да ја наруши атмосферата во нашиот тим, бидејќи е забележан во дуелот со убедливо најдобриот тим во мак-ракометот.

Ласко Андоновски го реализираше првиот напад и донесе почетно водство од 0-1, по што Тинекс Пролет цело полувреме не му дозволуваше на противникот да се одлепи на резултатски план. Вардар во неколку наврати имаше по три гола предност (8-5, 12-9, 14-11), но ракометарите на Тинекс Пролет успеаја да се вратат. Во 29. минута за момент имавме и водство од 15-16, но Чупиќ погоди за израмнување од 16-16, резултат со кој се замина на одмор. 

Квалитетот и искуството на Вардар испливаа на површина во второто полувреме, за помалку од 10 минути игра домаќините поведоа со 23-17, со што отпорот на Пролет беше скршен. Предноста на „црвено-црните“ се зголемуваше како што одминуваше времето, актуелниот првак имаше и најубедливи десет гола предност (33-23), за Тинекс Пролет да постигне три гола во последните минути и мечот да заврши со седум погодоци разлика.

Иван Џонов со шест погодоци беше прв стрелец на Тинекс Пролет на денешниот дуел со Вардар, по пет постигнаа Аларов и Манасков, додека капитенот Андоновски постигна четири гола, сите во првото полувреме.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести