Несреќен пораз во финишот во Струга (24-23)

Ракометарите на Тинекс Пролет го претрпеа првиот пораз во 2019 година откако вечерва по голема битка загубија од екипата на Струга со минимални 24-23. Стружани се покажаа како цврст противник, со добра игра во одбраната ни создадоа многу проблеми, па во неизвесна завршница за жал останавме без ниту еден освоен бод од ова незгодно гостување.

Тинекс Пролет беше подобар тим во првото полувреме, во кое скопскиот клуб во неколку наврати имаше предност од по два гола (2-4, 4-6, 5-7). Стружани упорно се враќаа, Пролет имаше и предност од 9-11 и 10-12, но со голот на Богдан Николиќ на одмор се замина со само еден гол позитива за нашиот клуб (11-12). 

Домаќините уште на самиот почеток од второто полувреме направија мини-пресврт, поведоа со 13-12 и го контролираа резултатот до крајот на натпреварот. Со головите на браќата Филип и Александар Василевски тимот на Тинекс Пролет стигна до израмнување од 22-22 на три минути до крајот, но во финишто блесна Реваз Чантурија. Ветеранот во таборот на домашниот тим постигна два гола во последните две минути и му донесе на тимот на Струга минимална победа.

Доне Мајнов беше прв стрелец на Тинекс Пролет со пет гола, четири постигна Манасков, а по три пати меѓу стрелците се запишаа Аларов и браќата Василевски. 

Без оглед на денешниот пораз, Тинекс Пролет останува во пол-позиција за пласман во плеј-офот, за што доволен ќе ни биде триумф во последното коло на домашен терен над аутсајдерот Прилеп.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести