Незапирливи: Голема победа во „жешкиот“ Охрид

Тинекс Пролет не запира со одличните игри и резултати, откако нашите ракометари вечерва одговорија на предизвикот на тешкото гостување во Охрид, триумфирајќи над максимално мотивираниот домаќин со 23-25. Фактот дека стануваше збор за пресметка меѓу два ривали за место во плејофот придонесе на теренот да се води жестока борба, се во рамките на ферплејот, за на крајот Тинекс Пролет да го заврши мечот со три гола во низа и да стигне до исклучително значајни бодови.

Првото полувреме го одбележа израмнета битка во која сепак Охрид беше тимот што почесто го имаше резултатот во своја полза. Гостите од Скопје само еднаш поведоа, со 8-9, по што домашните ракометари набрзина направија пресврт и на одмор заминаа со водство од 15-13.

Головите на Манасков и на Џонов за експресно израмнување на 15-15 беа само најава за одличното второ полувреме што го одиграа избраниците на Матлиески. Одбраната на чело со голманот Кимевски профункционира одлично, а во нападот се полесно се наоѓаа решенија за топката да биде сместена во противничката мрежа. Максимално беше искористена ситуација со играч повеќе, кога со два брзи гола на Џонов од сопствената половина Тинекс Пролет поведе со 18-21. Охрид возврати со иста мера, домаќините дури и поведоа со 23-22, но тоа беше се што успеаја да направат на овој меч.

Манасков израмни на 23-23, потоа Филип Василевски погоди за водство од 23-24, а по одбранетиот зицер на Кимевски, точка на мечот со својот осми гол стави Мартин Манасков.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид4
2Алкалоид4
3Е. Пелистер4
4Прилеп3
5Бутел2
6Вардар2
7Бисинов2
8Пролет1
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести