Актуелно

Андоновски: Сакаме нова победа над битолчани

По кратката пауза поради завршниот турнир од Купот на Македонија, ракометните возбудувања продолжуваат со новата рунда, во која Тинекс Пролет в сабота со почеток во 18.30 часот ќе го пречека составот на Еурофарм Пелистер 2.

Избраниците на тренерот Мајнов во изминатиот период работеа напорно за да ја прекинат мини-серијата од две
победи и да се вратат на победнички патеки.

За потсетување, Тинекс Пролет одигра одличен дефанзивец меч во првото коло од плејаутот и на гостински терен го совлада ривалот од Битола со 21-23, партија што избраниците на Мајнов ќе се обидат да ја повторат.

„На мечот во Битола го одигравме еден од нашите најдобри натпревари сезонава и секако дека сакаме да ја повториме таа игра и да стигнеме до нов триумф. Нема да биде лесно, противникот ќе стори се за да ни се реваншира. Затоа, мораме да останеме фокусирани и да ја играме нашата игра, цврста одбрана и дисцплина со што помалку загубени топки во нападот. Се ближи крајот на сезоната, но продолжуваме со напорна работа како и досега“, вели капитенот Ласко Андоновски.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести