Актуелно

Едно добро полувреме, па пораз од Алкалоид

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од тимот на Алклаоид од 34-18 во финалето од групата Б од Купот на Македонија. Прикажаното во првото полувреме беше пример каква игра се посакува од младиот тим на Тинекс Пролет, но за жал темпото не можеше да се задржи во вториот дел, во кој нашиот тим постигна само шест погодоци и на крајот претрпе убедлив пораз.

Тинекс Пролет одигра исклучително квалитетно во првите десетина минути во кои не само што целосно парираше, туку и во неколку ситуации имаше и минимално водство (последното 6-5). Алкалоид поведе со 6-7, по што тренерот Мајнов побара тајмаут и веднаш следеше израмнување на 7-7. Алкалоид сепак го  искористи исклучувањето на еден играч на Тинекс Пролет, по што фаворитот за првпат поведе со „плус два“ (8-10). Избраниците на Мајнов намалија на 10-11 и 11-12, но на одмор се замина со водство на Алкалоид од 12-15.

Проблемите со нападот станаа очигледни уште на стартот од второто полувреме, во кое првиот погодок беше постигнат по седум минути игра. Приодите кон голот на Алкалоид беа одлично затворени, Тинекс Пролет се мачеше во нападот во овој дел од мечот, а фаворитот го искористи тоа за резултатски да се одлепи, во 48. Минута за првпат да поведе со двоцифрена разлика (26-16), а до крајот да ја зголеми позитивата до конечните 16 гола разлика.

Палевски беше прв стрелец на Тинекс Пролет со пет гола, три постигна Стојановски, а по двај Стојчевиќ и Глигоров

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести