Актуелно
Викендов што изминува дефинивитно беше во знакот на Тинекс Пролет откако сите наши екипи забележаа победи во рамките од својот ранг на натпреварување.
Сениорскиот тим стигна до првиот триумф во 2026 година, исклучително значаен ако се знае дека е извојуван на жешкиот терен во Битола над Еурофарм Пелистер 1. Избраниците на Доне Мајнов славеа со конечни 21-23, дуел во кој најефикасни беа Стоилевски со осум и Стојановски со седум погодоци, како и голманот Трајков кој бранеше одлично и собра 17 интервенции.
Младинците на Тинекс Пролет одиграа импресивен меч во Кавадарци, декласирајќи го Тиквеш со преубедливи 27-44. Нападот функционираше беспрекорно, нашите млади ракометари одиграа феноменално пред се во второто полувреме, откако на одмор заминаа со 12-18, а во остатокот од мечот постигнаа дури 26 погодоци. Најефикасни во победничкиот тим беа Ѓорчески и Крстески со по осум, пред Александров и Лешниковски со по седум погодоци.
Кадетите на Тинекс Пролет одигаа импресивно против врсниците од Еурофарм Пелистер, совладувајќи го битолскиот тим со 27-24. Гостите на одмор имаа минимални 14-15, мечот беше во егал до 21-21, кога нашите млади ракометари додадоа гас, успеаја да се одлепат и на крајот стигнаа до заслужена победа. Давор Крстески ги предводеше стрелците со седум погодоци, пред Јовиќ и Лешниковски со по четири гола.
Одличниот викенд на Тинекс Пролет го заокружија нашите пионери, кои славеа во скопската пресметка, на гостински терен против Бутел со 14-19. Нашиот тим се одлепи во раната фаза, поведе со 5-10 и потоа го контролираше резултатот и водството се до самиот крај на овој натпревар. Филип Коцев беше прв стрелец во овој триумф со пет гола, додека по три погодоци постигнаа Алкушоски и Трајков.