Актуелно

​Тинекс Пролет со големи бодови се враќа од Битола

Ракометарите на Тинекс Пролет одлилно го стартуваа натпреварувањето во плејаутот, откако денеска како гости го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со резултат 21-23. Избраниците на Доне Мајнов одиграа одличен меч, пред се благодарение на цврстата одбрана успевајќи да го земат скалпот на битолчани, ривалот од кого имавме два порази во првиот дел од сезоната.

Тинекс Пролет имаше контрола од самиот старт, отворајќи го мечот со два гола на Андреј Стојановски за 0-2, а нешто подоцна поведувајќи и со 3-6 со голот на истиот ракометар. „Пелистерци“ израмнија за момент на 7-7, но следеше серија од три гола на Тинекс Пролет (два на Стојановски еден на Палевски) за предност од 7-10. Следеа и два гола на Стоилевски за 7-12, по што битолчани до крајот на полувремето само намалија на 11-14.

Вториот дел мина во израмнета борба, „пелистерци“ дадоа се од себе да се вратат, во неколку наврати дојдоа до еден гол негатива, но Тинекс Пролет во клучните моменти покажа и квалитет и карактер. При 20-21 на шест минути до крајот следеа два гола во низа на скопскиот суперлигаш преку Давитковски и Стоилевски, одбраната на чело со одличниот голман Трајков го заврши клучниот дел од работата и ја осигура оваа голема победа.

Трајков беше најзаслужен за триумфот со дури 17 успешни интервенции, во нападот прв стрелец беше Стоилевски со осум погодоци, пред Стојановски со седум и Палевски со четири гола.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести