​Очекуван пораз од лидерот Вардар

Тинекс Пролет претрпе пораз во рамките од Супер-лигата, на гостувањето против лидерот Вардар со резултат 38-22. Нашиот млад тим се обиде да се прикаже во што подобро светло, но „вардарци“ покажаа и квалитет и искуство, заслужено триумфирајќи со убедлива разлика.

Вардар фуриозно го отвори мечот поведувајќи со 4-0, пред Димквски во петтата минута да го постигне првиот гол за Тинекс Пролет против лидерот на табелата. Избраниците на Доне Мајнов ја одржуваа негативата од четири гола до 12-8, по што Вардар повторно врза три гола и дополнително се одлепи на 15-8, за со двата гола на Гоце Георгиевски фаворитот на одмор да замине со убедливи 19-9.

Второто полувреме почна со гол на Глигоров за Тинекс Пролет, но следеше нов одговор на „црвено-црните“ кои во 40. Минута имаа предност од 25-12. Водството на фаворитот се зголемуваше од минута во минута, за на крајот Вардар да слави со конечни 38-22 со последниот погодок што беше дело на младиот Крстески.

Андреј Стојановски со осум гола беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет, а по два погодоци постигнаа Крстески, Јовиќ, Димковски, Стојчевиќ и Ѓорчески.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести