Актуелно

​Пропуштена шанса за победа над Струга

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да стигнат до првата победа во 2026 година откако вечерва одиграа нерешено против Струга (28-28). Тинекс Пролет беше подобар ривал во долги периоди од натпреварот, имаше предност од максимални четири гола, но слабата завршница пресуди наместо со посакуваниот цел плен, мечот да го завршиме со само еден освоен бод.

Стружани беа подобри на самиот почеток, поведоа со 2-4 и со 3-5, но Тинекс Пролет предводен од Палевски експресно се врати, потоа и преземајќи го водството до крајот на полувремето. Избраниците на Мајнов поведоа со 10-7, Струга за момент се врати израмнувајќи на 11-11, но цврстата одбрана и расположениот Палевски во нападот (осум гола во првото полувреме) придонесоа на одмор да се замине со водство на Тинекс Пролет од 18-14.

Малиот пад на концентрација во почетните минути од второто полувреме беше целосно искористен од стружани кои израмнија на 19-19, но работите набрзо се вратија во нормала и Тинекс Пролет повторно водеше со „плус четири“ (24-20). Удобното водство траеше до 26-22, по што се соочивме со проблеми во нападот. Во последните осум минути домашните ракометари постигнаа само еден гол, промашивме пенал и неколку зицери, па гостите со гол на триесетина секунди до крајот стигнаа до реми.

Давор Палевски со 11 погодоци беше најефикасен поединец на натпреварот, шест гола постигна капитенот Ласко Андоновски, додека Андреј Стојановски го заврши мечот со четири погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести