​Тинекс Пролет ги испрати во „пензија“ Мајнов и Даскалоски

Раководството на Тинекс Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со Струга, со пригодни подароци испраќајќи ги во играчка пензија доскорешните ракометари на клубот, Доне Мајнов и Златко Даскалоски.

Мајнов повеќе од една деценија ги бранеше боите на Тинекс Пролет, а од почетокот на оваа 2026 година ја
извршува функцијата шеф на стручниот штаб.



Даскалоски, кој во кариерата бранеше за бројни македонски клубови, ги мина последните 18 месеци во Тинекс Пролет, а во договор со управата тој остана во клубот, како тренер на голманите во првата екипа, но и за работа со чуварите на мрежата во младинските тимови на Тинекс Пролет.

Подароците беа врачени од долгогодишниот претседател на РК Тинекс Пролет, Душко Кадиевски, како и поомшниот тренер Петар Тотиќ, кој исто така долги години е дел од нашиот спортски колектив.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести