Андоновски: Задоволен од младите, оптимист сум за иднината на Тинекс Пролет

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со натпреварите во Супер-лигата, оставајќи го зад себе поразот од Алкалоид и целосно вртејќи го погледот кон утрешната домашна пресметка со Струга (19 часот, сала „Македонско Сонце“).

Противникот моментно претпоследен на табелата во Супер-лигата, но тоа не го менува фактот дека Тинекс Пролет ќе мора максимално сериозно да влезе во мечот, да ги одигра сите 60 минути на високо ниво ако сака да се пласира во следната рунда.

„Стружани се блиску до дното на табелата, но никако не смеат да бидат потценети. На нас е да одиграме онака како што знаеме, да одговориме на она што тренерот ќе го побара од играчите на двете страни од теренот, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме да стигнеме до победата“, истакнува Ласко Андоновски.

Капитенот на Тинекс Пролет е задоволен од она што го гледа од младите ракометари кои работеа напорно од стартот на подготовките, решени да ја зграбат шансата при зголемената минутажа во вториот дел од сезоната.

„Имаме играчи кои настапуваат одлично во младинската и во кадетската лига, а сега добиваат шанса и на сениорско ниво. Ме радува нивниот ентузијазам, желбата за тренинг, напредок... Во вториот дел од сезонава ќе настапиме подмладени, но сите овие натпревари што младите играчи ќе ги добијат како искуство ќе бидат драгоцени за нас во сезоните што следат. Токму поради ова сум оптимист околу иднината на Тинекс Пролет“, вели Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести