​Мајнов: Чест ми е што сум тренер на Тинекс Пролет, имаме и талент и квалитет

Тинекс Пролет влегува во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона со јасен концепт – поголема шанса на младите ракометари и формирање на силна база на тимот за годините што следат.

Во една таква ситуација за нов тренер беше именуван Доне Мајнов, играчката легенда на клубот, десниот бек кој ја заврши кариерата како ракометар, но останува активен во овој спорт, во клубот во кој мина повеќе од една деценија.

Мајнов полн со ентузијазам ги одработе подготовките со тимот, кој е значително подмладен по заминувањето на неколку искусни играчи на стартот од годинава.

„Чест ми е што ќе го водам Тинекс Пролет, тим што беше голем дел од мојата кариера како играч. Горд сум што ми е укажана доверба, но исто така и свесен дека таа сама со себе носи сериозна одговорност. Ме радува она што го видов изминатите седмици, група играчи кои имаат талент и квалитет, исто така и се желни да работат напорно и да напредуваат. Нашата цел е да се состави млад и перспективен тим, затоа и оние помлади ракометари ќе добијат значително поважна улога во наредните месеци. Сакаме да составиме квалитетна група што ќе поседува талент и желба за напредок, што ќе игра модерен ракомет. Темелите ќе треба да се постават во следниот период, а потоа сите заедно да растеме како колектив“, вели Доне Мајнов.

Во рамките од првото коло од новата календарска година Тинекс Пролет го очекува исклучително тешка задача, гостување во „Автокоманда“ против екипата на Алкалоид (сабота, 18 часот).

„Јасно е кој ќе ја има фаворитската улога, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме без борба. Дуел со ривал како Алкалоид е одлична можност да видиме до каде се наоѓаме во формата во моментов, да се надигруваме со поквалитетен ривал и да почнеме да растеме како екипа. Очекувам добар меч во кој нашите млади ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети против еден од најдобрите тимови во лигата“, истакнува Мајнов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести