​Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките

Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона што ќе продолжи во текот на следниот месец.

За нов тренер беше именуван доскорешниот ракометар во тимот, Доне Мајнов, кој ќе го води тимот во наредниот период најпрвин во преостанатите рунди од Супер-лигата, а потоа и во плејаут натпреварувањето.

Во меѓувреме, во текот на паузата редовите на Тинекс Пролет ги напуштија Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко Трајковски. Клубот им се заблагодарува за придонесот на натпреварите што ги минаа во дресот на Тинекс Пролет и им посакува многу среќа во следните ангажмани...

Тинекс Пролет нема да ангажира нови ракометари зимава, откако како клуб одлучивме дека е вистински момент да им се даде шанса на дел од помладите играчи, да почнаат да блескаат и на сениорската сцена. Горди сме на младинската и кадетската екипа што бележат добри резултати во своите категории, а како клуб кој отсекогаш бил препознатлив по тоа што давал шанса на млади и перспективни македонски ракометари, тренд што повторно ќе го потврдиме и со новата генерација таленти од РК Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести