Актуелно
Младинскиот тим на Тинекс Пролет претрпе пораз од 31-33 од Мулти Есенс во последниот дуел од оваа календарска година. Нашите млади ракометари одиграа квалитетен меч, добро му се спротивставија на лидерот на табелата, што за жал беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат.
Гостите од Автокоманда подобро го отворија мечот поведувајќи со 0-3 и со 1-4, по што Тинекс Пролет се врати израмнувајќи на 8-8. Следеше серија од четири гола на Мулти Есенс по која лидерот повторно се одлепи (8-12), на одмор заминувајќи со 12-15.
Почетните минути од второто полувреме минаа во знакот на гостинските ракометари, кои поведоа со 12-17, а неколку минути подоцна имаа и предност од 15-21. Младите ракометари на Тинекс Пролет покажаа карактер и се вратија во мечот, но немаа доволно време за целосен камбек, губејќи го овој меч со конечните „минус два“.
Димитар Симовски одигра одлично и со осум гола беше најефикасен во нашиот тим, шест постигна Ѓорчески, додека по пет погодоци постигнаа Лука Јовиќ и Горазд Дамчевски.
Тинекс Пролет се наоѓа на тртетото место во младинската лига на Македонија со 18 бода, зад Мулти Есенс со 26 и Еурофарм Пелистер 2 со 24 освоени бодови.