​Тинекс Пролет загуби во Битола во последната средба во 2025 година

Тинекс Пролет не успеа триумфално да ја заврши оваа календарска година откако во последниот меч нашата екипа претрпе пораз во Битола од Еурофарм Пелистер 2 со резултат32-25 . Битолчани влегоа помотивирани во мечот, успеаја рано да се одлепат и потоа да го исконтролираат резултатот до самиот крај.

„Пелистерци“ поведоа со 2-0, првиот гол на Тинекс Пролет беше дело на Палевски од пенал, по што следеа нови три гола на домаќините и нивно водство од 5-1. Скопскиот суперлигаш за момент се разбуди, приближувајќи се до 10-8, по што битолчани влегоа во нова серија и на одмор заминаа со 16-9.

Тренерот на Тинекс Пролет во вториот дел им даде шанса на дел од помладите ракометари во тимот, тие одиграа сосема солидно, но негативата беше преголема, па домашниот тим умешно го приведе мечот до крај и конечните 32-25.

Давор Палевки беше прв стрелец на тимот со седум погодоци, еден помалку постигна Андреј Стојановски, додека со три гола последниот меч за оваа година го заврши Марко Мишевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести