​Матлиески повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш.

Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога.

За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција. Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на Тинекс Пролет, ќе биде привремено решение до крајот на оваа календарска година.

РК Тинекс Пролет му се заблагодарува на Никола Матлиески за се што стори за овој клуб.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести