Младинците на Тинекс Пролет победници во драмата со Бутел

Младинскиот тим на Тинекс Пролет забележа уште една извонредна победа, откако по голема борба славеше на гостувањето против Бутел со резултат 32-33. Охрабрени по големата победа над лидерот Еурофарм Пелистер 2, нашите млади ракометари одиграа уште еден квалитетен меч, покажаа карактер во клучните моменти и се радуваа на победата.

Тинекс Пролет одлично отвори со 0-3, но следеа четири гола во низа на „бутелци“ и нивно прво водство на мечот. Се играше израмнето до крајот на полувремето што домаќинот го доби со 16-15, а со „егал“ игра се продолжи и во текот на вторите 30 минути.

Бутел во неколку наврати водеше со плус два, Тинекс Пролет успеваше да се врати. Клучен беше периодот од 50. до 60 минута на мечот, кога од 30-28 за Бутел младинците на Тинекс Пролет пред се благодарение на одличната одбрана го свртеа резултатот во своја полза, со двата гола на Костов поведоа со 31-33, пред Бутел во самиот финиш да ги постави конечните 32-33.

Трајче Костов одигра одличен меч и со 11 гола беше клучна фигура за победничкиот тим, Симовски го заврши дуелот со шест гола, а Горазд Дамчевски придонесе со четири гола за оваа голема победа.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести