​Андоновски: Сакаме да му се реваншираме на Прилеп

Последната победа во Радовиш ја врати позитивната атмосфера во редовите на Тинекс Пролет, па скопскиот суперлигаш очекува уште едно добро издание и позитивен резултат и во новата рунда во која на домашен терен ќе го пречека составот на Прилеп (17 часот, сала „Македонско Сонце“).

Станува збор за ривал од кој беше претрпен пораз од 35-32 во првиот круг од натпреварувањето, што ќе биде само мотив плус за сите во таборот на Тинекс Пролет за добро издание и победа над незгодниот ривал.

„Секако дека сакаме да славиме, да освоиме нови бодови и да му се реваншираме на овој ривал за поразот од пред неколку месеци. Кога играме дома секогаш одиме на победа и исклучок нема да биде ниту утрешниот дуел. Тоа не значи дека ќе ни биде лесно, Прилеп се покажа како квалитетен тим, минатото коло убедливо го совлада Бутел што е јасно предупредување за нас, дека мораме да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 60 минути. Цврста одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што треба да не краси утре против Прилеп“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести