Тинекс Пролет без проблеми до победа на гостувањето во Радовиш (23-30)

Ракометарите на Тинекс Пролет ја забележаа и осмата едноподруго победа во низа против Радовиш во меѓусебните дуели, триумфирајќи со убедливи 23-30 на гостувањето во 14. коло од Суперлигата на Македонија.

Без ниту најмало потценување на противникот избраниците на Никола Матлиески се впуштија во предизвикот против последнопласираната екипа во лигата, па токму затоа уште од самиот почеток се наметна тотална доминација на теренот. Веќе во 13. минута од средбата Тинекс Пролет имаше предност од 1-9, а потоа до 21. минута веќе беше и повеќе од убедливи 3-13.

Тоа значеше и мало опуштање на теренот, повеќе можност и за помладите ракометари, па домашните успеаја да ја ублажат негативата и на полувремето нашите ракометари заминаа со предност од 10-15.

Во второто полувреме слична доминација на ракометарите на Тинекс Пролет кои лесно до 45. минута дојдоа повторно до 16-24. Во игра гол за гол во продолжението до крајот на средбата, само рутински се одржуваше предноста и за конечна победа од 23-30.

Најефикасен во нашиот тим беше Давор Палевски со седум гола, шест погодоци запиша Ласко Андоновски а со пет гола мечот го заврши Марко Мишевски. Три гола постигна Никола Стоилевски, а по два погодоци имаа Трајковски, Глигоров и Стојановски. Кај домашните, во составот на Радовиш, со пет гола мечот го заврши Постолов, а Димов постигна четири погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести