Актуелно

Матлиески: Двоен мотив за Тинекс Пролет на дуелот со шампионот

Тинекс Пролет денеска се соочува со најтешкиот овосезонски предизвик, ако се знае дека противник во салата „Македонско Сонце“ со почеток во 17 часот ќе биде тимот на Еурофарм Пелистер.

Актуелниот шампион и оваа сезона е меѓу главните конкуренти за титулата, во Скопје доаѓа по поразот во ЛШ од унгарски Пик Сегед и повеќе од јасно е дека битолчани ќе сакаат што порутински да стигнат до триумф и да сочуваат дел од силите за претстојниот европски дуел со Магдебург.

Тренерот на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, е реален околу шансите за сензација на овој дуел, но сепак очекува младите играчи да ја искористат шансата и да стекнат драгоцено искуство против ривали кои сезонава играат во елитното европско натпреварување.

Пред нас е натпревар против апсолутниот фаворит и актуелен шампион, екипата на Еурофарм Пелистер. Свесни сме за квалитетот на противникот, кој е составен од врвни репрезентативци и искусни интернационалци. За нас, ова е еден од најтешките предизвици во сезоната и реалноста е дека тие се големи фаворити за победа.Меѓутоа, нашата цел на овој натпревар е двојна. Прво, секако, да се обидеме да пружиме силен отпор и да одиграме борбено колку што можеме. Второ, и подеднакво важно, да им дадеме шанса на младите играчи. Поради таа причина, на овој меч ќе настапиме со комбиниран состав. Неколку наши талентирани кадети кои напорно работат на тренинзите, ќе добијат можност да го почувствуваат сениорскиот ракомет и да се докажат во првиот тим против најдобриот противник во лигата. Ова е дел од нашата долгорочна стратегија за развој на млади играчи.Очекувам од сите момци да истрчаат на терен без притисок, да го дадат својот максимум“, вели тренерот Матлиески во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар24
2Е. Пелистер21
3Охрид19
4Алкалоид18
5Тиквеш14
6Е. Пелистер 212
7Бутел11
8Тинекс Пролет9
9Прилеп8
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести