​Едно добро полувреме недоволно за триумф во Кавадарци

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да стигнат до победа на гостувањето во Кавадарци, губејќи во пресметката со Тиквеш со резултат 21-18. Одбраната беше на ниво, но затоа се потфрли во играта во напад, а избраниците на Матлиески имаат за што да жалат ако се знае дека на почетокот од второто полувреме имаа три гола предност, но дозволија домаќините со голем пресврт да стигнат до победата.

Првото полувреме донесе израмнета игра, Тиквеш се одлепи поведувајќи со 3-1, потоа и со 4-2 и со 5-3, но Тинекс Пролет имаше одговор и преку Давитковски и Палевски стигна до израмнување од 5-5. Кавадарчани стигнаа до 7-5, но Андоновски и Мишевски одговорија соодветно за 7-7, по што во серија одбрани влезе и голманот Солев. Домашниот тренер побара тајмаут при 7-7 во 22. Минута од натпреварот, а нешто подоцна Марко Мишевски постигна уште еден гол, за прво водство на Тинекс Пролет на натпреварот (7-8). Одличната одбрана беше заштитен знак до крајот на првото полувреме, Солев бранеше фантастично, не примајќи ниту еден гол до крајот на полувремето, па со погодокот на капитенот Андоновски на одмор се замина со предност од 7-9.

Тинекс Пролет поведе и со три гола на стартот од второто полувреме (8-11), но домаќините експресно се вратија, израмнувајќи на 12-12. Кризата продолжи, Тиквеш  постигна уште два гола за водство од 14-12, по што тренерот Матлиески побара тајмаут за да ја запре серијата на противникот. Кавадарчани имаа 15-12 пред нивната серија за момент да ја запре Мишевски. За жал, остатокот од мечот мина во контрола на резултатот на домашниот тим кој на крајот триумфираше со конечните 21-18, по голот на Палевски во последните секунди.

Солев имаше десет интервенции на голот на Тинекс Пролет додека во нападот најефикасен беше Палевски со пет погодоци, пред Давитковски, Мишевски, Андоновски и Глигоров со по три.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести