Актуелно

Стојановски: Победа во Кавадарци може да ни донесе многу

Ракометарите на Тинекс Пролет го стартуваат вториот круг од Супер-лигата со дуел со директен ривал за влез во плејофот, гостувајќи во Кавадарци на тимот на Тиквеш (сабота, 19.45 часот).

Избраниците на Матлиески во првата рунда сезонава ги совладаа кавадарчани, успех што утревечер ќе се обидат да го повторат и на теренот на противникот. Андреј Стојановски е еден од младите ракометари на Тинекс Пролет кои максимално ја користи минутажата што ја добива, преземајќи се позачајна улога во скопскиот суперлигаш.

„Релативно сум задоволен од првиот дел како и на личен така и на екипен план но сепак можевме да имаме поразличен исход на некои натпревари. Имаме уште половина од регуларниот дел за да ги поправиме сите тие грешки и недостатоци и да ја оствариме нашата цел - пласман во плеј-оф“, изјави Стојановски.

Тој е свесен дека кавадарчани се многу поопасни кога играат на домашен терен, а пред Тинекс Пролет утре ќе биде исклучително тешка задача.

„Натпреварот со Тиквеш нема да биде ист како оној во првото коло, сега сме на гостински терен и знаеме каква атмосфера не очекува таму. Долго се подготвувавме за овој дуел бидејки победа може да ни донесе многу. Двете екипи се познаваме и немаме што да сокриеме.  Треба да влеземе максимално уште од првата минута и да бидеме сконцентрирани сите 60 минути за да издвојуваме победа на утрешниот натпревар“, истакнува Андреј Стојановски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар22
2Е. Пелистер19
3Охрид19
4Алкалоид18
5Тиквеш12
6Бутел11
7Е. Пелистер 210
8Тинекс Пролет9
9Прилеп8
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести