​Одличните 20 минути недоволни за изненадување против Вардар

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 27-36 во рамките од десеттото коло од Супер-лигата, очекуван исход ако се знае дека „вардарци“ се единствениот тим со максимален ефект во досегашниот дел од Супер-лигата. Избраниците на тренерот Матлиески заслужуваат пофалби за начинот на кој го одиграа речиси цело прво полувреме во кое целосно му парираа на фаворитот, но сепак немаа сили да го издржат темпото до самиот крај и претрпеа пораз.

Палевски и Мишевски ги постигнаа првите два гола за Тинекс Пролет за рани водство од 1-0 и 2-1, а дури и кога Вардар поведе со 2-4 домашниот тим експресно имаше одговор. Следеше брзо израмнување на 5-5, а потоа со новиот гол на Палевски и водство од 6-5 (10. Минута од мечот). Во периодот до 25. Минута можеше да се проследи целосно израмнет ракомет на двете страни, резултатскиот егал траеше до 23. Минута кога на семафорот гласеше 13-13, но „вардарци“ подобро го затворија полувремето и на одмор заминаа со резултат 16-20.

Гостите потоа го отворија второто полувреме со три брзи гола пред Мишевски да ја запре оваа нивна мини-серија, но победникот веќе беше практично решен. Тинекс Пролет солидно парираше до крајот, но „вардарци“ знаеја како да го исконтролираат резултатот до самиот крај и да слават со конечни 27-36.

Стоилевски и Палевски беа најефикасни во таборот на Тинекс Пролет со по пет погодоци, четири гола постигна Стојановски, а три Дрпљанин.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести