Актуелно

​Лидерот Вардар е следен предизвик за Тинекс Пролет

Паузата поради ЕХФ-седмицата веќе заврши, по што експресно продолжуваат возбудувањата во македонската Супер-лига.

За ракометарите на Тинекс Пролет утре претстои најголемиот предизвик, ако се знае дека на домашен терен во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречекаме тимот на Вардар (вторник, 18 часот). „Црвено-црните“ се лидери на табелата со максимален ефект во досегашниот дел од сезоната што секако им ја дава фаворитската улога и на утрешниот натпревар.

Сепак, од таборот на Тинекс Пролет најавуваат дека се подготвени за борба и надигрување против градскиот ривал.

„Јасно е кој е фаворит на овој натпревар, но од друга страна ние немаме што да загубиме. Влегуваме во натпреварот за да покажеме дека можеме да играме квалитетен ракомет и против најдобрите тимови во Супер-лигата. Секако дека го респектираме Вардар, но треба да излеземе на терен без страв, да го дадеме најдоброто од себе и да видиме каков резултат ќе ни донесе таквиот пристап. Како капитен посакувам со добра игра да го кренеме нивото во пресрет на наредните дуели со екипи кои ни се директни ривали за влез во Топ 6“, вели капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар18
2Алкалоид16
3Е. Пелистер15
4Охрид13
5Бутел11
6Тинекс Пролет9
7Тиквеш8
8Е. Пелистер 26
9Прилеп6
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести