​Илија Темелковски со постхумна награда од РФМ за особен придонес во ракометот

Најголемата легенда на РК Тинекс Пролет, Илија Темелковски, постхумно ја доби наградата за особен придонес во ракометот доделена од РФМ на синоќешната церемонија во организација на „куќата на ракометот“ во која беа доделени признанија за најдобрите во сезоната 2024/25.

Самата гала-вечер почна со громогласен аплауз во чест на Илија Темелковски и Александар Јовиќ, двете македонски ракометни легенди кои починаа во оваа 2025 година.



Темелковски остави длабок траг најпрвин како играч, а потоа и како исклучително успешен тренер, на клупски и на репрезентативен план, водејќи ја Македонија до одличното 11. место на СП 2009 во Хрватска, а нашата младинска репрезентација до шестата позиција на младинскиот мундијал што се одржа во Алжир.


Големото признание за Темелковски го прими неговата сопругата и двајцата внуци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести