​Тинекс Пролет убедлив, одличниот Палевски ја нокаутираше Струга

Тинекс Пролет стигна до нова победа во Супер-лигата, и тоа на гостински терен откако нашиот тим вечерва полесно од очекувањата триумфираше на гостувањето против Струга со 29-38. Ривалот што ланската сезона знаеше да му создаде проблеми на Тинекс Пролет овојпат беше нокаутиран за само едно полувреме, и тоа благодарение на извонредниот Давор Палевски, кој одигра меч за паметење постигнувајќи вкупно 15 погодоци.

Тинекс Пролет тргна моќно од самиот почеток, отвори со 0-2, а откако домаќините го постигнаа својот прв гол од пенал следеше нова серија на тимот на Пролет и убедливо водство од 1-6 по нецели десет минути игра. Домаќините успеаја да се приближат од 6-10 и да дојдат до два гола негатива (8-10), но Тинекс Пролет беше беспрекорен во нападот до крајот на полувемето, па предводен од Палевски стигна до убедливи 12-19, не дозволувајќи им на домаќините да постигнат ниту еден гол во последните четири и пол минути од полувремето.

Стружани отворија со два гола на стартот од второто полувреме, но тоа беше се што домашниот тим успеа да стори.Тинекс Пролет повторно презеде целосна контрола, па по серијата голови на Палевски веќ во 40. Минута стигна и до првото двоцифрено водство (16-26). Победата беше осигурана, па тренерот Матлиески во финишот им даде шанса на помладите ракометари кои рутински го исконтролираа резултатот до самиот крај и конечните 29-38.

Палевски беше извонреден со 15 гола (2/2 од пенал, 4/4 од шест метри, 8/9 од крило), играјќи го својот најдобар меч во дресот на Тинекс Пролет. Марко Мишевски исто така беше одличен со седум погодоци, а четири пати прецизен беше Стоилевски.

Следниот викенд следи пауза поради ЕХФ-неделата, по што Тинекс Пролет во првиот нареден натпревар ќе го пречека Вардар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести