Стоилевски: Без потценување, Струга игра добро на домашен терен

Ракометарите на Тинекс Пролет викендов ги очекува нов предизвик, гостување против екипата на Струга (17.30).
Тинекс Пролет на хартија важи за фаворит на овој меч, но стружани не се нималку наивен противник, особено кога играат на домашен терен. Впрочем, Струга славеше на последните две домашни средби сезонава, а исто така и го совлада Тинекс Пролет на последниот лански дуел на овие ривали (22-20).

Поради сео ова, на ситееж во таборот на скопскиот суперлигаш им е јасно дека ќе мора да се одигра максимално во текот на сите 60 минути ако се сака да се стигне до триумф на ова незгодно гостување.

„Важиме за фаворити на овој меч, но тоа нема да значи ништо доколку не одиграме онака како што знаеме од почеток до крај. Многу е важно да бидеме максимално борбени во текот на сите 60 минути, едно е сигурно, нема да ја потцениме Струга, свесни сме дека станува збор за „домашна екипа“ која игра особено добро во својата сала. Знаеме колку се значајни бодовите од ваквите гостувања во трката за висок пласман и ќе сториме се за да стигнеме до бодовите. Добро тренираме цела недела и верувам дека сме подготвени да го потврдиме тоа и на самиот натпревар. Борбена одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што треба да ни ја донесе победата на саботниот натпревар“, изјави Никола Стоилевски, десното крило во таборот на Тинекс Пролет.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести