Тинекс Пролет поразен во скопскиот дуел со Алкалоид

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да направат подвиг и изненадување на дуелот со Алкалоид, губејќи од скопскиот ривал со резултат 20-29. Гостите од Автокоманда на терен потврдија дека се поквалитетен тим и заслужено стигнаа до победата, а на Тинекс Пролет му претстои да атакува на нови бодови веќе во следното коло, кога ќе му гостува на тимот на Струга.

Почетокот мина во знакот на гостите кои набрзина поведоа со 0-5, по што Стоилевски го постигна првиот гол за Тиекс Пролет во 6. Минута од мечот (1-5). Алкалоид набрзина стигна до 1-7, по што следеше период на подобра игра на Тинекс Пролет и намалување на негативата на 5-9. Гостите повторно влегоа во ритам и поведоа со 7-16, а на одмор се замина со резултат 10-17 по погодокот што во последните секунди од полувремето го постигна Марко Мишевски.

Второто полувреме беше отворено со гол на Стојановски за 11-17, Тинекс Пролет потоа намали и на 15-19 со голот што го постигна Трајковски. Сепак, Алкалоид успеа повторно да ја зголеми предноста и рутински да го приведе овој меч до крајот и конечните 20-29.

Мишевски имаше пет гола за Тинекс Пролет, Стоилевски постигна три погодоци, додека Мајнов, Андоновски, Трајковски, Стојановски и Димковски беа прецизни по два пати, а голманот Солев го заврши мечот со 11 успешни интервенции.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести