Матлиески: Не се предаваме, без разлика што Алкалоид е фаворит

Ракометарите на Тинекс Пролет утревечер ги очекува исклучитело тежок испит, на домашен терен пречекувајќи го составот на Алкалоид (сабота 20 часот, сала „Македонско Сонце“).

Гостите од Автокоманда ќе ја имаат фаворитската улога, но кај тренерот Матлиески и неговите избраници владее решителност да се одигра квалитетен меч против еден од најсилните тимови во мак-ракометот.

„Играме против Алкалоид, екипа што е меѓу фаворитите за највисок пласман. Јасно е дека тие ќе се фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме без борба. Ваквите дуели се мотив за докажување, за квалитетен меч против тимови од самиот врв, наше е да одиграме најдобро што знаеме и од овој дуел па понатаму да ја креваме формата“, изјави Матлиески.

Според него, осцилациите во играта биле главен проблем во досегашниот дел од сезоната, особено во последното коло кога Тинекс Пролет загуби на домашен терен од Еурофарм Пелистер 2.

„Зад нас е напорен период на дуели со директни ривали за влез во Топ 6, имаше натпревари на кои бевме на висина на задачата, но и дуели на кои покажавме големи падови во одредени моменти и бевме казнети за тоа. Сега е време да се поправат слабостите што ги покажавме, за максимално потоа да влеземе во клучниот дел од сезоната. Пласманот во Топ 6 е наша зацртана цел од пред почетокот на сезоната и не се откажуваме од тоа, имавме неочекуван резултат, но исто така и пред нас е доволно време да ги надополниме тие бодови. Најважно е да ја кренеме сопствената игра на едно повисоко ниво, со тоа ќе дојдат и резултатите“, порачува стратегот на Тинекс Пролет.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести