Мајнов: Ремито со Бутел да го потврдиме со триумф над битолчани

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со дуели со екипи од средината на табелата со исти амбиции за влез во плејофот. По ремито на гостувањето во Бутел, следен предизвик за тимот предводен од тренерот Матлиески е Еурофарм Пелистер 2, меч што ќе се игра утре (сабота) со почеток во 18 часот во салата „Македонско Сонце“.

„Се наоѓаме во добар ритам и сакаме тоа да го потврдиме и на наредниот меч. Работевме навистина напорно оваа седмица, се подготвувавме за овој меч и ќе сториме се за да стигнеме до резултатот шшто го посакуваме. Атмосферата во тимот е одлична, но сакаме на ремито со Бутел да се надоврземе и со бодови против битолчани“, изјави Доне Мајнов, еден од најискусните во таборот на Тинекс Пролет.

Според десниот бек, клучна за конечниот исход ќе биде играта во одбрана со која домашниот тим ќе треба да го неутрализира младиот и полетен тим на Еурофарм Пелистер 2.

„Го почитуваме гостинот, но нашата цел е јасна – особено на домашен терен да славиме против сите ривали од битката за влез во плејофот. Знаеме дека нема да биде лесно, но подготвени сме за битка. Одбраната ќе биде клуч, ако успееме да ги затвориме приодите кон сопствениот гол и одиграме квалитетно во дефанзива ќе завршиме голема работа на патот до победата“, вели Мајнов.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести