​Младинците на Тинекс Пролет триумфално се враќаат од Битола

Младинскиот тим на Тинекс Пролет забележа уште еден одличен резултат откако во рамките од третото коло на гостински терен славеше против Еурофарм Пелистер со 27-31. Нашите млади ракометари одиграа супериорно второ полувреме во кое беа подобри од противникот, го свртеа резултатот во своја полза и на крајот се радуваа на победата.

Првото полувреме почна со израмнета игра, но битолчани први дојдоа до „плус два“ (6-4, 7-5, 8-6). Тинекс Пролет израмни на 8-8, но „пелистерци“ влегоа во нова серија поведувајќи со 13-9. На полувреме се замина со 14-11 по голот на Дамчевски, а вториот дел го започнавме со погодок на Костов за 14-12.

Клучен беше периодот од 38. до 51. Минута, во кој од 18-16 му дозволивме на противникот да постигне само еден единствен гол. Одличната одбрана беше надополнета со ефикасен напад, па со голот на Јовиќ тимот на Тинекс Пролет поведе со 19-23. Нашите младинци веќе земаа залет и беа незапирливи до крајот, поведоа со 21-27 и потоа рутински го приведоа мечот до конечните 27-31, не дозволувајќи разликата во ниту еден момент да се спушти под три гола.

Горазд Дамчевски со осум гола беше прв стрелец во оваа голема победа, додека по шест погодоци реализираа Јовиќ и Симовски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести