​Тинекс Пролет не се предава никогаш: Супер-финиш за реми во Бутел

Тинекс Пролет го одигра првиот нерешен натпревар во новата сезона откако по голема битка ремизиравме на гостувањето против Бутел со 22-22. Во меч во кој пропуштивме неколку шанси резултатски да се одлепиме домаќините во финишот беа поблиску до победата, во последната минутаа се влезе со 22-20, но Тинекс Пролет покажа карактер кога беше најважно и стигна до заслужен против скопскиот ривал.

Почетокот не беше според очекувањата откако Бутел подобро отвори поведувајќи со 3-0, а Тинекс Пролет во првите пет минути не постигна ниту еден погодок. Голманот Солев ја најави одличната партија со одбранет зицер, на спротивната страна прецизен беше Мишевски, па Тинекс Пролет полека, но сигурно влегуваше во посакуваниот ритам.

По водството на домашниот тим од 8-5 следеше период на доминација на избраниците на Матлиески, кој со четири гола во низа стигнаа до првото водство на мечот преку Палевски. При 9-10 Тинекс Пролет имаше одлична можност за да се одлепи резултатски по исклучувањето на Николоски, но следеа две технички грешки со играч повеќе на терен што Бутел ги казни и на одмор замина со минимална предност од 12-11.



Второто полувреме мина во израмнета борба во која тимовите се мачеа во нападот, но затоа Солев беше фантастичен на голот на Тинекс Пролет. Бутел дојде до плус два на осум минути до крајот, гостите експресно израмнија на 18-18, но кога „бутелци“ поведоа со 22-20 на 50 секунди до крајот домаќините помислија дека се е готово. Тинекс Пролет покажа дека е тим со карактер, Палевски погоди за 22-21, а по одбраната на Солев младиот Стојановски биеше прецизно за конечните 22-22 на овој натпревар.

Голманот Солев беше прво име во таборот на Тинекс Пролет со 16 интервенции, додека Стојановски ги предводеше стрелците со пет гола, пред Палевски со четири и Глигоров со три погодоци.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар12
2Алкалоид10
3Е. Пелистер9
4Бутел9
5Охрид7
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 24
9Тиквеш4
10Куманово2
11Струга2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести