​Андоновски: Одбраната секогаш ги решава дуелите со Бутел

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска (18 часот) ги очекува нов предизвик, гостување на градскиот ривал Бутел. Противникот се наоѓа во добра форма, врза четири победи во низа во Супер-лигата, но тоа ќе биде само мотив плус за избраниците на тренерот Матлиески да одиграат на високо ниво и да им ги замрсат сметките на „бутелци“.

Капитенот Ласко Андоновски во кариерата има одиграно бројни средби за Тинекс Пролет против денешниот противник и добро знае што е потребно за да се стигне до позитивен резултат против Бутел.

„Станува збор за ривал што максимално го почитуваме, низ годините развивме едно здраво и квалитетно ривалство бидејќи станува збор за два клуба кои имаат слични амбиции и играат квалитетен ракомет. Бутел е во добар ритам, но знаеме дека ако ние одиграме како што трениравме во изминатите денови ќе можеме да стигнеме до позитивен резултат. Овие мечеви ги решава цврстата одбрана, затоа ќе мораме да одговориме на предизвикот, да одиграме добро во дефанзива и од тоа да произлезат лесни голови на спротивната страна. Што се однесува до нападот, ќе мора да бидеме дисциплинирани, бројот на загубени топки да го сведеме на минимум бидејќи Бутел е тим што ќе знае да ги казни нашите грешки“, изјави Андоновски во пресрет на денешниот меч.

На последните шест дуели меѓу овие скопски ривали славела екипата што е домаќин, тренд што Тинекс Пролет ќе се обиде да го прекине на денешниот натпревар.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар12
2Алкалоид10
3Е. Пелистер9
4Бутел9
5Охрид7
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 24
9Тиквеш4
10Куманово2
11Струга2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести