​Кадетите со фуриозно второ полувреме ја збришаа Струга

Кадетската екипа на Тинекс Пролет забележа нова победа, на домашен терен триумфирајќи над врсниците од Струга со убедливи 42-27. Пресудно беше второто полувреме во кое кадетите на Тинекс Пролет одиграа беспрекорно, целосно кршејќи го отпорот на гостинскиот состав.

Стружани целосно парираа во првото полувреме, што Тинекс Пролет го доби со 17-15 со два гола постигнати во финишот од полувремето. Домаќините потоа постигнаа два брзи погодоци и на стартот од второто полувреме, по што предноста се зголемуваше како што одминуваше времето. Првата двоцифрена позитива Тинекс Пролет ја имаше во 41. Минута (27-17), по што се продолжи со одлична игра за победата на крајот да биде изразена со конечните „плус 15“.

Марко Ѓорчески беше прв стрелец со десет погодоци, сум реализираше Деспотовски, а по четири пати прецизни беа Димовски и Симовски.

Пионерската екипа на Тинекс Пролет загуби во скопската пресметка со Мулти Есенс со резултат 16-28. Мартин Стојановски со девет гола беше најефикасен во нашиот тим на овој натпревар.

Младинскиот тим на Тинекс Пролет својот меч од следното коло го игра во вторник против Еурофарм Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести