​Нова домашна победа на Тинекс Пролет, совладано Куманово со 24-22

Тинекс Пролет го задржа стопроцентниот ефект на домашен терен сезонава откако вечерва славеше на дуелот против Куманово со 24-22. Кумановци се покажаа како тврд орев, мечот беше неизвесен до самиот крај, но Тинекс Пролет сепак со гол во завршницата успеа да стигне до заслужена победа.

Првото полувреме донесе израмнет ракомет, гостите за момент поведоа со 4-6, но Тинекс Пролет одговори со три гола во низа и минимално водство од 7-6. До крајот на полувремето се играше егал, домашниот состав имаше 11-9, Куманово израми на 11-11, за капитенот Андоновски да се погрижи Тинекс Пролет да замине на одмор со минимални 12-11 во своја корист.

Почетните минути од вториот дел минаа во знакот на домашниот состав, кој по 11-12 успеа конечно да се одлепи, поведувајќи со 17-13. Палевски во следниот напад погоди за 18-13, а удобното водство беше задржано до 20-15, по што гостите почнаа да се враќаат. Кумановци дојдоа до 21-19, Палевски одговори со два гола за 23-19, но Куманово не се предаде до самиот крај. Гостинскиот тим дојде до 23-22, потоа и не искористи два напада за израмнување, по што Стоилевски со гол од крило на неколку секунди до крајот стави печат на заслужениот триумф на Тинекс Пролет.

Андоновски, Палевски и Стојановски беа најефикасни во победничкиот тим со по пет погодоци, а Солев одигра квалитетно на голот на Тинекс Пролет собирајќи 12 успешни интервенции.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести