​Младинците на Тинекс Пролет до голема победа над Бутел

Младинската екипа на Тинекс Пролет забележа значајна победа на градското дерби против Бутел, заслужено триумфирајќи над овој ривал со конечни 31-27.

Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека нашите млади ракометари одлично отворија и поведоа со 5-0, имаа контрола над резултатот во голем дел од првото полувреме, но гостите сепак влегоа во ритам пред крајот на полувремето и на одмор се замина со израмнети 14-14.

„Егал“ се играше десетина минути во второто полувреме, но пресуден се покажа подобриот финиш на младите ракометари на Тинекс Пролет. Имено, по минималната негатива од 19-20 следеше серија од четири гола на домашниот состав поведувајќи со 23-20. За разлика од првиот дел, овојпат Тинекс Пролет одигра максимално фокусирано, ја задржа предноста до самиот крај и заслужено се радуваше на победата.

Горазд Дамчевски одигра уште еден маестрален меч и со девет гола го предводеше својот тим до триумф. Значаен придонес со по пет погодоци имаа и Јовиќ и Лешниковски, додека три гола постигна Костов.

Одлично издание на овој натпревар имаше и голманот Лазе Великиќески кој неодамна пристигна од Струга и со 15 одбрани беше меѓу најзаслужните за оваа голема победа.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести