​Кадетите на Тинекс Пролет до голема победа во Битола

Кадетскиот состав на Тинекс Пролет стигна до уште една победа на стартот од сезонава, откако на гостински терен го совлада Еурофарм Пелистер со резултат 27-28. Тинекс Пролет одигра одличен меч против фаворитот, пред се во првото полувреме во кое нашиот тим доминираше и имаше водство од 11-15.

Битолчани се вратија во мечот во вториот дел, се играше во неизвесна завршница во финишот откако Тинекс Пролет поведе со 24-27, а Пелистер стигна до 27-27, пред Горазд Дамчевски со мајсторски гол да ни ја донесе победата. Дамчевски беше прв стрелец со осум погодоци, Лука Јовиќ постигна пет, додека Костов го заврши мечот со четири постигнати гола.

Пионерскиот тим на Тинекс Пролет по голема борба загуби на гостувањето против Прилеп со минимални 23-22. Дуелот беше максимално неизвесен, Тинекс Пролет последен пат имаше водство од 14-16 и од 16-17, но завршните десетина минути минаа во знакот на прилепчани кои на крајот се радуваа на победата.

Стојановски и Трајков постигнаа по седум гола за пионерите на Тинекс Пролет, а Стојановиќ четири пати ја затресе мрежата на прилепчани.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести